На телефонскиот број 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) во периодот од 11.02 до 01.08.2022 година (171 ден функционирање на 112) се примени вкупно 240.253 повици, односно во просек 1.404 повици дневно.

Од ЦУК информираат дека во февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) се примени 11.321 повици, а просекот за овој период е по околу 629 повици дневно.

Од 01.03.2022 година, во Секторот 112 при ЦУК, се започна со прием на повици на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 од цела територија на нашата држава. Во месец март се примени 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно. Во месец април се примени 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно.

Во месец мај се примени 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во месец јуни се примени 41.759 повици или во просек 1392 повици дневно.

Во месец јули се примени 44.467 повици или во просек повици 1.434 дневно. Последните три денови од 29 до 31.07 се примени 4.635 повици или околу 1.540 повици дневно.