Со започнувањето на процесот на масовна вакцинација на населението против ковид-19, Министерството за здравство објави дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани вкупно 74 076 граѓани. Во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасното население, поточно кај оние кои се пријавиле на веб страната вакцинација.мк, но и кај вработените во здравствените установи.

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 9 123 лица, од кои 7 963 ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19. Вкупно 92 253 лица во државата примиле вакцина и ревакцина, се вели во податоците на Министерството за здравство.

Вакцинацијата на населението во Република Македонија се одвива во неколку регионални пунктови и тоа: Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Од министерството за здравство апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на страната вакцинација.мк.

Според последните бројки 25 проценти од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.