Првите три месеци годинава повеќе од 360 детски играчки опасни по здравјето на децата се повлечени од македонскиот пазар, покажуваат податоците на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Станува збор за играчки кои се хемиски ризични и можат да предизвикаат сериозни заболувања.
Последниот случај со повлекување на кинески отровни играчки во неколку земји од регионот повторно ја отвори темата – Колку се безбедни и со каков квалитет се изработуваат детските играчки кои се користат во Македонија
По информациите дека во неколку соседни земји од пазарот се повлечени играчки кои се штетни по здравјето на децата, инспекторите се на терен и проверуваат дали во Македонија се увезени спорните производи.
Инаку на македонскиот пазар, само три до пет отсто од играчките се увезени од Европската Унија, додека 95 проценти од нив се од кинеско производство.