Со сигурност сте слушнале за т.н монодиети. Станува збор за исклучително ефикасен начин да се ослободите од вишокот килограми, што е особено корисно по празничниот период.

За оние што за првпат се запознаваат со терминот на монодиета, потребно е да знаат дека се работи за диета при која се консумира само еден производ во текот на неколку дена. Слабеењето на овој начин се смета за навистина тешко, но пак со видливи резултати.

Денес ќе ве запознаеме со најефикасната монодиета, која е особено корисна за дамите над 45 години.

Диета со млеко

Потребно е на секои 2-3 часа да се храните со млеко, а 15 минути пред секое хранење се препорачува да испиете чаша топла вода или билен чај. Планирајте го вашиот ден, така што вечерата да не биде покасно од 3 часа пред спиење.

Мени за 7 дена

Понеделник: За целиот ден треба да испиете 600 мл нискомаслено кисело млеко и да изедете 6 варени компири, без сол и зачини.

Вторник: Поделете ги во неколку оброци количеството од 600 мл нискомаслено млеко и 900 гр нискомаслена урда.

Среда: Потребно е да консумирате 600 мл кисело млеко и изберете од вашите омилени зеленчуци (со исклучок на компирите).

Четврток: Испијте 600 мл млеко и консумирајте не повеќе од 400 гр варено пилешко месо.

Петок: Практикувајте го истото мени како за Среда.

Сабота: Ден за детоксикација. Може да пиете млеко, билни чаеви и чиста вода колку и да сакате.

Недела: Повторно применете го менито за Среда.