Задолжителната вакцинација за запишување на децата во градинка и училишта останува и покрај тоа што епидемијата на морбили губи сила.

Министерката за труд Царовска вели дека и во септември нема да се дозволува упис без уреден вакцинален картон. Ако во него не е запишано дека детето примило МРП вакцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано пред епидемијата или од почеток треба да се запишува.

Крај на епидемијата ќе се означи откако две недели нема да има ниту еден заразен.