Конечно владата донесе програма за измени и дополнувања на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18 годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година.

Дали ова е уште едно шарено ветување на владата, дали ќе влезе во процедура и дали ќе наиде на примена во институциите тек допрва следи. Битно е фалењето со се што се мисли да се направи, бидејќи ако не се пофалиш сам исто како и да не си го направил.

Здравствените објекти во распаѓање, владата трупа партиски кадри персонал по болниците, нема доволно место за персоналот, никакви се условите за работа, при дожд тече од сите страна во болниците, меѓутоа МТСП и МЗ се грижат за примателите на социјална помош и таа категорија на луѓе „наводно“ ќе добие бесплатно лекување.

Јавноста посочува – да чекаме да видиме, можеби ќе има трошка вистина во сите овие купишта лаги!