Трисетите се години кога е последен момент сериозно да ја сфатите поговорката „подобро да се спречи, отколку да се лечи“.

Како што се приближувате кон средните години, рате ризикот од развој наброји болести а исхраната игра во тоа важна улога.

Правилниот избор на намирници помага во превенција од рак, дојабетес и срцеви болести. Затоа веднаш исфрлете ги лошите намирници од исхраната и зголемете ги шансите да ја дочекате староста здрави и во форма.

Нездрава храна не треба да се јаде независно од тоа во која возраст сме, но после трисетата нашето тело нагло станува помалку отпорно на храната од рестораните за брза храна и било која друга процесуирана храна.

Можеби и самите сте забележале дека некои намирници повеќе не ги поднесувате, па не е лошо триесетиот роденден да го одберете како ден кога конечно ќе одлучите да му посветите повеќе внимание на своето здравје.

Овошен јогурт

Во нашиот фрижидер јогуртот зазема место наменето за здрави намирници, но притоа ретко разислуваме дека чаша јогурт со вкусот на омиленото овошје содржи приближно 47 грама шеќер. Тоа е многу поголема количина од онаа што би смееле да ја консумираме во текот на целиот ден, дури и стручњаците ја поставиле границата на максимум 38 грама за мажи и 25 грама за жени.

Наместо овошен јогурт одберете обичен јогурт и помешајте го со свежо овошје. Јогуртот има благотворно дејство на варењето, а ако му додадете свежо овошје вашиот организам ќе му биде благодарен. Повеќето готови овошни јогурти содржат повеќе вештачки ароми од свежите намирници.

Соја

Сојата е уште една намирница која се смета за здрава, но всушност не е подобар избор од месото со кое сакатеда ја замените.

За почеток, сојата е високо генетски модифицирана намирница, а долготрајните ефекти од таквата храна на организмот сѐ уште не се довoлно познати.

Краткорочно, сојата може да ги поттикне воспалителните процеси во организмот и потенцијално штетно да влијае на работата на штитната жлезда. Другиот проблем со сојата има врска со фитоестрогенот што го содржи, а кој го имитира естрогенот во телото. Заради тоа сојата особено не смее да им се дава на децата кои уште растат, но најдобро е сите да ја избегнуваат.

Постојат многу вкусни алтернативи за месо врз база на зеленчук доколку сакате да го намалите внесот на белковини од животинско потекло.

Сокови и алкохолни пијалоци со сламка

Ова можеби звучи смешно, но не е на одмет да се знае дека ако редовно користите сламка за пиење, околу вашите усни ќе почнат да се создаваат линии и брчки. После 25.година, колагенот во нашата кожа почнувада пропаѓа, заради што овие повторувачки движења со усните можат да предизвикаат создавање брчки.

Ништо не може да ја спречи појавата на овие брчки подоцна во животот, но навистина ли сакате да ги создадете во 30-тите? Впрочем, сламките се штетни и за околината и во некои земји нивната употреба е веќе забранета.

Риби од одгледувалишта

За жал, рибите кои ни ги нудат во големите маркети. И во рибарниците по пазарите, се главно од одгледувалишта кадешто има толку многу риби, што тие всушност се хранат со изметот што го испуштаат во заградените базени. Исто така, нивната исхрана е полна со антибиотици и бои.

Затоа, иако е поскапа, обидете седа најдете риба која не е од одгледувачници, а понекогаш е можеби подобар избор да купите смрзнати сардини. .

Бел леб

Сигурно како мали најмногу сте го сакале белиот леб, но сега сте возрасни и би требалода го зибегнувате во широк круг.

Белото брашно во лебот го крева до небо нивото на шеќер во крвта, а притоане содржи ниту витамини, ниту минерали кои ги содржи целовитото брашно. Исто така, содржи и помалку влакна, а колку сте постари, толку му се влакната попотребни на вашиот систем за варење.

Истото важи и за вскуните и топли пецива – не содржат хранливи состојки и влакна, но се полни со натриум. Дури и ако одберете пециво од целовити зрна веројатно притоа ќе внесете во организмот 565 мг натриум, а тоа е поеќе д четвртина од дневните потреби.

Овошен сок

Немојте да паднете во замката мислејќи дека сокот на кој пишува „100% овошје“ ееднакво здрав како и свежото овошје. Кога сокот ќе се екстрахира од овошјето, сите корини влакна остануваат надвор. Влакната помагаат да се ублажи брзината со која шеќерот влегува во крвотокот, такашто со консумирањето на чист сок ќе дожиеете ненадејна навала на шеќер во крвта.

Повеќето комерцијални сокови содржат додаден шеќер, често се пастеризирани, што значи дека хранливите материи чувствителни на топлина се уништени предда заврши производот на полиците.

Купечки колачи

Иако ниту домашните колачи не се нешто што е препорачливо да се јаде често, секогаш се подобар избор.

Готовите колачи од продавниците се полни со хидрогеизирани масла кои помагаат тие со недели да изгледаат убаво и свежо. Производителите дури не се обврзани ниту да ги наведат тие штетни транс масти на етикетата, освен ако производот содржи повеќе од 0,5 отсто. Ако ништ друго, дома можете да ги контролирате состојките и веројатно ќе користите многу помалку шеќер и путер.

Пуканки со путер од микробранова печка

Како старееме, природно почнуваме даразмислуваме како да се заштитиме од когнитивно пропаѓање. За ова е важна и исхраната, а особено штетна храна за вашиотмозоксе пуканкитеод микробранова печка.

Лажниот путер со коисе облоени зрната на пуканките е полн со транс масти што негативно влијае на памтењето. Тие буквално ги уништуваат клеткте во мозокот и ги поттикнуваат воспалителните процеси. Исто така, го нарушуваат производството на омега-3 масни киселини кои се нужни за здравје на мозкот. Една од состојките во тој „путер“, диацетил, е познат по своите канцерогени состојки. Пластичната обвивка во внатрешноста на кесичката, која се користи за да не истече путерот, исто така се поврзува со ризикот од рак.