ецептот е од нашата читателка Марија која несебично го сподели за читателите на НМД.мк.

Имам еден лек за реума и шилци. На доктор не сум била откога го користам. Рецептот ми го даде пријател на сопругот, а лекот навистина многу е ефикасен. Служи само за надворешна употреба!

Напомена: Не се пие! Туку надворешно се мачка или се става како облога.

Потребни состојки:

1 литар домашна ракија, посилна, околу 50 степени
3-4 гранчиња рузмарин (20-30 см должина)
10 апчиња аналгин
10 апчиња ацетисал
5 грама ментол кристали (од аптека)

Постапка:

Во едно пластично шише се става домашна ракија (околу 50 степени, посилна да биде). Во неа се става исечканиот рузмарин или ако сакате, може и цели гранчиња.

Потоа се додаваат 10 издробени апчиња аналкин и уште 10 ацетисал. На крај се додава 5 грама кристали купени од аптека. Во кутивчето се 10 грама, а вам за оваа доза ви се потребни 5 грама, значи половина кутивче.

Шишето се става на прозор да отстои 30-40 дена, а секојдневно мора да протресува за убаво да се растворат состојките. Потоа може да се користи само надворешно.

Се мачкаат раце, нозе, грб и сите болни зглобови или места каде се формирале шилци.

После мачкањето мора добро се облечете за да се загрее телото, а ова најдобро е да се направи пред спиење, кога телото природно се одмора и закрепнува.

Болното место може да се завитка со компресивни завои, волнен шал и слично.

Пред две години за првпат почувствував многу силни болки во нозете и не можев да ода.

После десет дена мачкање со овој лек, СЕ ДИГНАВ.

Рецепт: Марија Марија