Студеното време не им е најомилено на поголемиот дел од нас, особено поради тоа што мора да носиме повеќе облека и повторно да ни е ладно. Сепак, има и позитивни страни.

Студеното време му помага и на вашето здравје и тоа на овие начини:

Ладното време предизвикува „искрење“ во вашиот имунолошки систем

Промените на времето прават вистински хаос во вашиот имунолошки систем. Но, постои одреден момент, за жал откако ќе прележете една до две настинки, кога имунитетот ви е на највисоко ниво и сте заштитени сè до следната промена на климата.

Ноќе спиете подобро

Факт е дека кога е ладно спиете подобро, отколку кога е лето. Човечкото тело е природно создадено да спие во поладни услови. Добро е што во зима дури и да ви е многу ладно, секогаш можете да се покриете повеќе или да вклучите греење, што не е случај во лето, кога ви доаѓа да си излезете од кожата.

Вежбање на ладно – најдоброто кардио вежбање

Секоја физичка активност која ја правите преку зима, ја подобрува вашата кардиоваскуларна состојба, бидејќи ви треба повеќе енергија за да го загреете телото.

Алергиите на полен се најниски во зима

Кога речиси ништо не цвета, но и кога поминувате повеќе време дома, шансата за алергија е сведена на минимум. Ова трае сè до првото никнување на тревата и цветање на дрвјата, но сепак, подобро е од ништо.

Луѓето се поконцентрирани кога е ладно

Сигурно сте забележале дека и вашиот перформанс на училиште, факултет или на работа е далеку подобар во зимските месеци, отколку кога е потопло. Топлото потсетува на комфор и дава лажно чувство дека имате време за сè, што не е случај и кога е ладно, кога ви се чини дека не можете ништо да постигнете, па сте поефикасни.

Ладното време ги намалува воспаленијата

Симптомите на воспаленијата се полесно подносливи ако процесот се случува преку зима. Сетете се само дека кога и да ви се случува нешто, било да е воспаление или удар, ставате ладни облоги.