Државниот секретар Владимир Милошев денеска се обрати на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици, за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотиците и заложување за унапредување на здравјето на луѓето, животните и на животната средина во духот на меѓународниот пристап – Едно здравје.

„Изготвивме втора Национална стратегија со акциски план за контрола на антимикробната резистенција во земјава 2017-2021, која наскоро ќе биде усвоена од владата на република Македонија, и е заснована токму на принципот за ЕДНО ЗДРАВЈЕ. Водиме сметка за меѓусебната поврзаност и употребата на антибиотици кај луѓето и животните, вклучувајќи го и синџирот на исхрана“.

Република Македонија е вклучена во меѓународните заложби за пристап „Едно здравje. И додека министерството ја одбележува светската недела за рационална употреба на антибиотиците, пациентите сеуште немаат доктори, лекарите си заминуваат, медицинскиот персонал е незадоволен од покачувањето на платата, лекови со поминат рок се употребуваа по болниците и клиниките. Дали министерот Филипче, ги зема во предвид потребите на пациентите и кога ќе започне со унапредување на здравството во целост?