Нелоска: Владата задоцни со многу важни мерки со коронавирусот

Ленче Нелоска, експерт по јавно здравје, вчера вечер како гостинка на една од емисииите на нашите тв куќи, зборуваше за актуелната ситуација со корона вирусот и посочи дека според неа…

Ленче Нелоска, експерт по јавно здравје, вчера вечер како гостинка на една од емисииите на нашите тв куќи, зборуваше за актуелната ситуација со корона вирусот и посочи дека според неа е задоцнето со многу важни мерки од страна на владата. Таа смета дека доколку се воведеа мерките две до три недели порано, можеби ќе имаше повеќе шанса таа експоненцијална крива да се израмни.

-Веќе нема место да зборуваме за тоа што и како требаше. Мерките кои што се воведуваат треба да бидат навистина ригорозни за да имаат ефект, затоа што впечатокот ми е некако дека во последните денови, таргетот се граѓаните кои не ги почитуваат мерките. Здравствените власти мора да бидат многу одлучни во спроведувањето на мерките затоа што сме сведоци на пропустливост. Во следните денови многу ќе расте бројката на заболени затоа што имаме за една недела скоро 5 пати зголемен број на болни. Мерките мора да бидат многу ригорозни затоа што одговорноста не може да биде на граѓаните, одговорноста е на тие кои што ги спроведуваат мерки, истакна Нелоска.


Related Articles