Од ризичните зони во Италија во земјата на граничните премини во текот на минатата недела влегле 250 патници со автобус и 70 со приватни возила .

Ниту еден патник досега не е задржан во просторијата за изолација која се наоѓа на граничниот премин Табановце.

Се работи координирано и се почитуваат алгоритмите , системот фунционира а состојбата на будност и подготвеност ќе трае и понатаму. Кризниот штаб заседава постојано , два пати дневно и постојано се прават анализи , изјавија претседателот на Владата и министерот за здравство, Оливер Спасовски и Венко Филипче кои го посетија преминот и разговараа со преставниците на царината и полицијата.

„Добро е што навремено бевме подготвени и ги превзедовме сите мерки , целта беше како да се пресечат патиштата на вирусот. Сакам да се заблагодарам на институциите , коишто го почитуваат апелот на владата за не организирање на собири, со тоа се намалува и ризикот на ширење на вирусот и на граѓаните кои ги почитуваат препораките.
Да упатам апел до оние граѓани кои не ги почитуваат препораките , и граѓани кои сметаат дека тие најдобро знаат како треба, да ги почитуваат препораките кои ги даваат епидемиолозите.“ – Оливер Спасовски.

Во моментов нема нови пациенти кај кои се вршат тестирања за корона вирус, пациентката на инфективната клиника е во добра состојба и веќе трет ден е без температура, изјави министерот Филипче.

„Во текот на вчерашниот ден стигнаа контролните резултати од лабараторија во Германија, со која соработуваме, кој ги потврдија сите наши тестови, негативните и позитивниот на пациентката, што е обврска како супервизија на работата нашата лабараторија од инстиутот за јавно здравје, потврда за точност а со која се работат резултатите.“ – Венко Филипче.

Минситерот информираше дека договорот за дезинфекционите сретства е потпишан и веќе од утре преку локалната самоуправа ќе бидат распределени низ основните училишта во Македонија.

Премиерот додаде дека владата ќе реагира најостро доколку некој ја злоупотребува состојба на криза во земјата и се обидува да профитира на сметка на граѓаните и на нивното здравје.