Во Македонија се уште нема официјални податоци за бројот на лица со посебни потреби. Но, за децата од оваа категорија од оваа година, бројот на помошници, кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во училишта, е двојно зголемен. Во 34 општини во земјава ќе бидат ангажирани 300 асистенти. Според Министерството за труд и социјална политика, отворени се и седум центри за третман на оваа категорија граѓани. Покрај личната нега, предвидени се и други мерки за да им се помогне на оние што имаат потреба.
Министерство за труд и социјална политика:
-Лична нега за домашна помош. Зголемување на плати за 50% од просечната плата во земјава и пократко работно време за родителите кои се грижат за своите деца со посебни потреби. Парична помош за невработените родители и тие без пензија кои се грижат за деца со посебни потреби до 26-годишна возраст без да ги запишат истите во установи за нега. “
Министерката Мила Царовска вели дека и возрасните кои се со посебни потреби треба да имаат соодветна помош, но за да им се помогне правилно, прво ќе треба да се дознае нивниот точен број.
Според Законот за работен однос, компаниите не се законски обврзани да вработуваат лица со посебни потреби, но од Министерството за труд и социјална политика велат дека државата ќе обезбеди финансиски олеснувања. На таквите претпријатија, им се овозможува враќање на здравствените придонеси за сите вработени и имаат право да купуваат опрема до 200 просечни плати и обука за работни места во износ од 100 илјади денари.
Дали Царовска ќе остане на кажаното или како и до сега за се ќе биде „лажи вере“, времето ќе покаже. Искуството покажува дека од дадените ветувања, поголема социјална помош, подобри услови за ранливите категории, како и голем број на слични ветувања кои ги даде министерката, се остварија само двојзаичноста во првиот момент само што се спомена и проширување на законот за дискриминација каде се додаде законот за родовата дискриминација, на тој начин подржувајќи и охрабрувајќи ја ЛГБТ заедницата.-Зборат по социјалните мрежи
Напоредно со тоа се тераат тендерите за нејзиниот партнер и неисполнување на основната работна задача како министер, грижа за своите граѓани на кои им е потребна вашата помош како министер од ресорот кој го застапувате. Јавноста страда, со маки и едвај одредени категории на граѓани врзуват крај со крај во месецот, додека министерката царува со МТСП како да е нејзина лична своина. -посочуваат граѓаните
Значи не е се така розово и министрите од оваа влада треба да започнат со работа, да се престане со ветувања, дали и кога ќе биде? – се прашуваат повеќето загрижени граѓани кои реагираат во нашата редакција и ги поставуваат овие прашања.