Нема на овој начин да се забави начинот на работа и доставата на резултати, министерот Филипче со ветување системот немало да влијае негативно по граѓаните и ќе се заштеделе пари.

– Пациентите нема да има потреба да патуваат за анализи кои не се вршат во нивните места на живеење. Нема да има дополнителни трошоци за пациентите, бидејќи резултатот ќе го добиваат во нивното место на живеење. Пациентите нема во никој случај да бидат оштетени, бидејќи тоа не се итни анализи. Итни анализи се потребни секаде каде што има хирургија и таму такви апарати се предвидени. Специфичните анализи е предвидено да се работат одделно во централна лабораторија. Анализи попладне и во ноќните часови ќе се изработуваат само за итните случаи, изјави Филипче.

Повторно со уште едно ветување министерот за здравство излезе денес, уште едно ветување слушнаа денеска граѓаните на Македонија, сеуште не се гледа ниту пак може да се воочи една промена во здравствениот систем, ама затоа пак ветувања има до бескрај. Кога ќе почне министерот со реализација на дадените ветувања прашуваат граѓаните?