Пред Нова година Ден Дончев при самото свое излагање на новата мерка за прераспределба на лекови не беше самоуверен.

–     Ја изедначивме меѓусебната конкуренција за да нема доминантни позиции на пазарот. И тоа исто така меѓу другото во тој правен аспект имаше повеќе од 20% од квотите, посочи Ден Дончев, директор на ФЗОМ.

Според неговото излагање на оваа мерка за прераспределба на лекови требаше околу 50 аптеки да добијат еднакво зголемување на квотите за околу 20.000 денари месечно.

Но со право оваа мерка од страна на граѓаните беше ставена под голем прашалник, бидејќи и самите немаа доверба во она што Дончев го излагаше со несигурност. Граѓаните по стапување на Дончев на функција како директор беа оставени сами на себе, лекови да има до 5-ти месецов, а потоа да нема.

Така се случи и на почетокот на годината. Граѓаните не можеа да земат потребни лекови за нивното здравје да не се наруши. Поради тоа што во одреден дел од аптеките покачувањето на квотата е далеку од споменатите 20 илјади денари месечно.

Од една од аптеките во самиот Центар на Градот Скопје вработените посочуваат дека кај нив квотата ја зголемија за 6 илјади денари, тие со тие средства не можат да ги набават поскапите лекови кои чинат по околу 3 илјади денари. А, во некои други аптеки дури зголемувањето на самата квота изнесува само 3.000 денари.

Упатените потенцираат дека поскапите антибиотици наместо олеснувањата за намалување на нивната цена тие сепак се драстично зголемени.

Загриженоста и револтот кај граѓаните започна уште од самиот старт на годината, и е оправдан. Поради тоа што со оваа одлука на Дончев и министерот главоболка се создаде најмногу на  граѓаните со хронични болести на кои им е потребна терапија.

Со оваа мерка со која се најавуваше праведност при доделување на квотите им се врзаа рацете на аптеките, а граѓаните останаа без лекови.