Според неофицијални информации објавени на една од македонските телевизии, има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Според изворите на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Телевизијата се обидела да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговорила на нивните повици и пораки, додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката им кажал дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

Сепак според неофицијални информации пациентот требало да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му биле извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.