Четките за заби најчесто ги чуваме во тоалетот, некогаш затворени во посебно орманче или пак, во чаша покрај мијалникот. Постојат пластични кутии и пластични капачиња, кои служат за да ги заштитат четките од честиците кои сакале ние или не, секако ги имаме во тоалетот и се распрскуваат од школката подалеку отколку што мислиме.

Но, дали е тоа навистина правилниот начин?

Всушност, вака вие не дозволувате четката да се исуши по користењето и создавате идеални услови на неа да се размножат многу поризични бактерии и спори на мувла, кои веќе со следното користење лесно ќе ги внесете во вашата уста.

Тоалетите и онака се доста повлажни од другите простории во домот, а тоа не оди во прилог на чувањето на четките за заби, но и козметичките производи воопшто. Најправилно е да се што подалеку од тоалетната шолја, во посебен сад или по можност, во орманчето со огледало, каде ќе обезбедите проток на воздух за да може да се исуши.

А кога патувате, внимавајте четката да е сува кога ја пакувате (или земете нова) и користете кутии со отвори низ кои ќе има каков-таков проток на воздух.