Николов: Бројот на новозаразени го отсликува начинот на кој се бориме и справуваме со епидемијата

Коронавирусот зема се поголем замав во нашата земја. Од почетокот на епидемијата па до денес има над 9 илјади заразени лица и над 400 починати. Доктор Игор Николов, член на…

Коронавирусот зема се поголем замав во нашата земја. Од почетокот на епидемијата па до денес има над 9 илјади заразени лица и над 400 починати.

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за еден наш електронски медиум посочи дека ние се уште го живееме првиот бран на коронавирусот и неговите пикови. Во моментов не можеме да зборуваме дека завршил првиот бран, а не пак да зборуваме за втор бран на коронавирус. Бројот на новозаразени всушност го отсликува начинот на кој што се бориме и се справуваме со корона епидемијата, вели Николов.

-Бројот на новозаразени всушност го отсликува начинот на кој што се бориме и се справуваме со корона епидемијата. Имено во овој момент власта како да „дигна раце„ од некаков организиран пристап во совладување на корона кризата. Сведоци сме дека заради политиката на „да не се прави паника„ и дека „состојбата е под контрола„ дојдовме до состојба да популацијата не го сфаќа сериозно постоењето на вирусот и неговата смртност особено за повозрасните лица. Таквата пак перцепција на граѓаните не доведе до овие бројки и оваа состојба, која не искачува на прво место по сите негативни параметри како во регионот, така и во светот, вели Николов.

Тој посочува дека ние се уште го живееме првиот бран и неговите пикови, за кои не сме сигурни дека ќе успееме да ги спуштиме, особено заради тоа што нема никакви мерки кои што се превземаат, ниту во оние делови каде што има многу заболени. Според Николов во моментот целата сила и енергија и ресурсите потребно е да се насочат на здравствена промоција и здравствена едукација на популацијата, која што ќе резултира со здравствено просветување.

-Потребно е ресурсите да се насочат целно, на оние региони и оние делови каде што бројката на заразени и активни случаи е голема и секако треба да се работи на детектирање односно на визуелизација на вирусот со вкрстување на информациите од повеќе институции, а се со цел да се насочат ресурсите правилно и рационално, вели Николов.

Во однос на економијата тој вели дека не е во состојба да издржи уште еден целосен карантин. Сепак смета дека постојат мерки кои што би требало да се преземат, а со цел да се заштити здравјето на луѓето, бизнисите и економијата. Како пример Николов го посочува ограничувањето на движењето во „ситните саати„ помеѓу полноќ и 5 часот наутро, како и собирањето во поголеми групи во овој период и други периоди од денот.


Related Articles