Бројот на заразени пациенти со Корона вирусот продолжува да расте, во исто време и бројот на починати пациенти од Ковид 19 се зголемува. Изминатите 48 часа, еден пациент почина заради нејасна патека за хоспитализација и постапување.

И покрај препораките на СЗО да се тестираат што поголем број на граѓани и мотото ТЕСТИРАЈ…ТЕСТИРАЈ…ТЕСТИРАЈ…!!! особено кај ризичните групи, загрижува податокот дека само лимитиран број на тестови се изведуваат во текот на 24 часа при што во континуитет се добива дневно слична бројка на ново заболени. Во исто време загрижува фактот што медицинскиот персонал е во најголем процент од заразените пациенти (околу 12%), а со начинот на менаџерирање на кризата и недостигот на медицинска опрема највројатно овој процент ќе се зголемува и понатаму.

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ по одржаната онлајн седница во врска со епидемијата на Корона вирусот и пропагацијата на Ковид 19 ги донесе и ги дава следните предлози кои што ги споделуваме со јавноста:
1. Ургентно да се превземат мерки за обезбедување на соодветна опрема за персоналот и заштита (штедење на истиот) преку точно подготвен и испланиран БЕЛ ПЛАН за функционирање на здравствените институци
– Голем број од здравствените организации во моментот не спроведуваат никаков план за ротации на персоналот и редукција на активноста на истиот.
– Потребен е јасен алгоритам каде ќе се следат и третираат бремените жени кои се пред породување, а се со инфекција Ковид 19.
– Потребен е алгоритам каде ќе се следат и третираат онколошките пациенти кои се со инфекција Ковид 19. Имаат ли институциите за онколошки пациенти со Ковид 19 протокол за подготовка и следење?
– Да се организира превоз за вработените во здравствените организации кои заради полицискиот час и вонредната состојба имаат проблем да дојдат и да си одат од работните места. За чудо здравствените работници сеуште плаќаат паркинг во Кампусот Мајка Тереза.
– Неопходна е соодветна опрема за здравствените работници и обука на персонал кој ќе биде директно задолжен за лекување на пациентите кои ќе бидат позитивни за вирусот на корона.
– Пациентите кои што не се со потврдени со Ковид-19, потребно е да се иследуваат од мултидисциплинарен тим кој ќе биде опремен и обучен за работа со вакви пациенти кои се суспектни за Ковид-19.
– Да се дефинира и детерминира начинот на однесување со починатите лица, како ќе се транспортираат, протоколи за дезинфекција на возилата и просториите каде што ќе се одложуваат.

2. Рестриктивни мерки и прогласување на карантин во градовите со најмногу инфицирани и заболени (Скопје, Куманово и Струга)
– Регионите од каде што има и најмногу починати се практично најзагрозени за понатамошно ширење на болеста.
– Информациите кажуваат дека во струшко има поголем број на заболени кои што не се под медициска контрола. Потребно е итно превземање на мерки за корегирање на вакавата состојба.
– Предлагаме подготовка на големите спортски објекти (Арената Борис Трајковски) да се подготват за примање и згрижување на поголема група пациенти. По примерот на соседните градови Софија, Белград и Загреб.

Да се продолжи со барање на МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ во опрема, материјали и експерти.