Во оваа ситуација која произлезе од корона вирусот главниот пропуст е што немаше доволно тестирања, нема тестирање на лица од ризични групи. Едноставно се нема стратегија за тестирањата, за скрининг на населението, а тоа е клучно, рече Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

-Можеби немавме или нема доволно тестови. Се сеќавате министерот за здравство Филипче рече на почетокот дека немаме тестови и материјалот за тестирање ќе се праќа во Ниш. Ако сега се прават планови, не смее ова да се дозволи. Мора да има план за тестирања, за скрининг на населението. Без старегија и планови влеговме во контра состојба. Мислам дека ситуацијата е таква што дневната бројка на тестови се прави по одреден диктат. Јас сум уверен дека се прави под политички диктат. А тоа го видовме со случајот во Куманово кога се бараше карантин како Дебар, но не се дозволи, рече Николов.

Според него во оваа ситуација се манипулира и со бројката на тестови кои се прават на дневна основа, како и со периодот за добивање на резултатите.

-Вакви манипулации во ваква ситуација не се дозволиви. Ако во сето ова се прават политички манипулациии се продолжи со тоа ќе бидеме во фаза никој никому да не верува, рече Николов.

Ако се избрза со изборите може лесно да дојдеме и до втор бран.

-Дека вториот бран може да биде посилен говорат и германски експерти затоа треба да се оди претпазливо со мерките. Тие мора да бидат соодветни. Оттука мора да има и избори кога ќе има услови за нивно спроведување, вели Николов.