Не е проблемот само со лекови со ретки болести, нема лекови и за некои многу чести болести. Веројатно станува збор за административно одолговлекување, на пациентите ништо не им значи кога ќе им кажете во тек е тендерска постапка. Дополнително потребно е да има брза постапка за лекови за одредени дијагнози, тоа не е реализирано изминатите седум години не знам зошто би се реализирало за следните осум месеци, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното телевизиско гостување.

Николов се осврна и на случајот со родилката во Струга на која непотребно и беа извадени органи, со жената во Прилеп која почина од рутински зафат киретажа и слично.

– Недозволиво е да има вакви случаи. За да се избегнат истите, потребни се корективни мерки. Требаше да сме сведоци на корективни мерки, беа потребни детални извештаи кои треба да ги прават посебни комисии. Јавноста не видела ниту еден извештај за споменатите случаи, посочи Николов.

Проблем во здравството е што медицинскиот кадар е незадоволен и медицинските работници се повеќе заминуваат надвор.

– Нема никаква активност за задржување на младите лекари во земјава. Нема едукации по што би биле задолжени да работат во јавното здравство. Нема никакви активности ниту за задржување на медицинскиот кадар во земјава воопшто“, кажа Николов.    

Доктор Николов укажа дека приоритет на граѓаните, како и на медицинските лица, е да има нов клинички центар.

– Власта на СДСМ направи стратешка грешка со прекин на договорот за изградба на клинички центар во Скопје. Тоа сега ќе треба да се плаќа, ќе се плаќа казна која не знаеме ни колку ќе чини. На пример, да го имавме тој клинички немаше граѓаните да се лечат во модуларни болници“, заклучи Николов.