Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Игор Николов, во гостување на една од македонските телевизии посочи дека оваа Влада од 2017 година го распродава јавното здравство или го приватизира. Тој за пример ја посочи Итната медицинска помош која во главниот град има само три пунктови. ВМРО-ДПМНЕ ја спречи оваа Влада во идејата за приватизација на неколку сегменти од здравството и тоа ГОБ 8-ми Септември и Итната медицинска помош, рече д-р Николов во своето гостување.

– Објаснувањето им е дека нема финансиски средства за Итната медицинска помош, но има финансиски  средства за членови за управни одбори, за помошници, за пари за поранешниот градоначалник на Центар како советник за клинички кој никогаш не почна да се гради. Има пари за се и за сите, само нема за лечење на граѓаните и за медицинскиот кадар, посочи Николов.

Според д-р Николов нема стратегија како да се задржи медицинскиот кадар во земјава, не се организираат обуки, ниту пак се мотивираат младите специјализанти.

– Нема обуки за медицински кадар, нема инфраструктура, не се мотивираат младите специјализанти со тоа што ќе им се платат дежурствата. Дополнително имаме целосно пропаѓање на јавното здравство. Во иднина акцентот мора да се стави на зајакнување на јавното здравство и задржување на медицинскиот кадар во земјава и во јавното здравство, кажа Николов.