Ниту полицискиот час кој го воведе владата како мерка против ширење на коронавируост не го исчистија воздухот во нашата држава, како тоа што се случи во многу европски земји ова утро.

За жал Македонија на европската мапа на загаден воздух  „Блеска“ и ова утро и покрај тоа што многумина граѓани се дома, не се користи јавниот превоз, а автомобилите се бројат на прсти.

И секојдневното применување на полицискиот час значи, буквално ништо не му може на воздухот и наместо да се чисти, тој се уште е загаден.

Од тука јавноста поставува безброј прашања до власта која го убедуваше народот дека автомобилите се најголем загадувач во нашата земја.

Ова утро најзагаден град во Македонија е Кавадарци со максимални 227 ПМ 10 честички на метар кубе, Велес 2 со 142 ПМ 10 честички на метар кубен, потоа Битола, Тетово, па Куманово.

Во Скопје најзагадена населба ова утро е скопско лисиче.

Инаку граѓаните на социјалните мрежи секојдневно упатуваат безброј прашања до власта и градоначалникот на Скопје дали единствениот загадувач во Скопје и воопшто во Македонија се огревните дрва, автомобилите и јавниот превоз како што тие веќе три години ги убедуваат сите.

Улиците празни, коронавирусот ништо не му може на воздухот како е тоа можно?