Овој тест се користи за да се детектираат раните знаци на рак на белите дробови, вели истражувањето кое го спровела организацијата „Cancer Research“.

Всушност, станува збор за обликот на ноктите. Ако вашата кожа не осветли кога ќе притиснете со еден нокт на друг, значи дека немате искривени нокти кои можат да бидат предупредувачки знак за рак на белите дробови.

Според „Cancer Research“, свитканите или заоблените нокти се јавуваат кај 35 отсто од луѓето со рак на белите дробови.

Минатата година, една жена по име Џин Тејлор објавила фотографија од своите нокти, благодарение на кои откриен ѝ е рак на белите дробови, после што нејзината ќерка се загрижила за обликот на ноктите на нејзината мајка.

Се разбира, ако “белките“ од ноктот не ви се појавуваат, не значи дека имате рак на белите дробови, но ако имате искривени нокти, посетете лекар.

Ноктите зборуваат многу за човечкото здравје. Некои други симптоми на рак на белите дробови се кашлањето кое не поминува после 2-3 недели или се влошува, потоа честите инфекции на белите дробови, искашлувањето крв, потешкотии со дишењето, недостаток на енергија, намален апетит и нагло паѓање на телесната тежина.