Министерот за здравство Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски денеска ќе ја посетат Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде во употреба ќе биде пуштена нова медицинска опрема.

Воедно, ќе биде отворено комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.

Исто така, преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст.