Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови. Починато на ден 01.05.2022 година.

Досега во Македонија се направени вкупно 2.026.507 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672.