Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа  направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.

Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од: Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2, Кратово и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=35), 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на КОВИД-19.