На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти новите рестриктивни мерки кои беа донесени од страна на Комисијата за заразни болести. Истите се очекува утре да бидат усвоени на владина седница, а се однесуваат на намалување на полицискиот час.

Министерот Филипче потврди дека забраната за движење наместо од 20 часот ќе започнува од 21 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден. Истовремено ќе се дозволи и отворање на летните тераси на угостителските објекти најдоцна до 20 и 30 часот.

-Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на денешната прес-конференција.