Марихуаната полека но сигурно стана сосема вообичаено средство кое се користи во модерната индустрија.
Така, Млиони луѓе ширум светот вдишуваат производи кои содржат ТХЦ, а голем дел од нив го прават тоа поради подобрување на одредена здравствена состојба.
Канабидолот или скратено ЦБД е непсихоактивна состојка од марихуаната која се добива од индустрискиот коноп.
Тој во последно време може да се најде речиси насекаде: Од производи за разубавување, до газирана флаширана вода.
Иако многу корисници трошат состојки од канабис, познати како канабиноиди, со цел да си ги ублажат проблемите како депресија и анксиозност, тие супстанци сепак немаат премногу влијание на металното здравје, стои во најновото истражување кое го објави магазинот „Lancer Psychiatry“.
Тим на австралиски научници ги анализирал резултатите на 83 претходни истражувања кои го проучувале влијанието на медицинските канабиноиди на менталното здравје и невролошките состојби, кои ги вклучуваат: Депресијата, анксиозноста, Тоуретеов синдром, ADHD, PTSP и психоза.
Резултатите од истражувањето покажале некои позитивни знаци при лекувањето на овие ментални состојби со марихуана, но сеопфатните резултати покажале „многу малку докази за ефикасноста на фармацевтскиот канабидол или медицинскиот канабис при лекување на која било од овие пореметувања на менталното здравје“, пренесува Тајм.
Ова истражување, на тој начин, го потврдува она што многу медицински работници веќе го знаат: Немаме доволно докази за да можеме да потврдиме дека канабисот може да лекува ментални пореметувања.
Тоа не значи дека и навистина воопшто не помага, туку дека ние тоа едноставно не го знаеме, стои во заклучокот од ова истражување.