Дали се обидувате да ослабете, да ја држите вашата тежина под контрола, но не можете да го направите тоа? Можеби начинот на кој што јадете е „виновникот“. Американски и холандски нутриционисти спроведоа студија во која учествуваа и мажи и жени, а резултатите се изненадувачки!
Учесниците, 44 мажи и 44 жени, јаделе тестенини со сос од сирење само еднаш неделно во текот на еден месец. Внимателно биле анализирани нивните навики, колкава била порцијата, како ставале и колку време јаделе. Се покажало дека оние што јаделе брзо, проголтале скоро двојно повеќе од оние што јаделе полека! Разликата во порциите била голема – најмалите биле 400, а најголемите 700 грама, што е навистина многу!
Веќе е познато дека ако чинијата е полна, ќе се чувствуваме принудени да изедеме сè од неа. Но, сега е утврдено дека ако јадеме брзо, ќе изедеме повеќе и ќе го оптеретиме стомакот. Кога јадеме брзо, земаме големи залчиња и брзо голтаме, плунката и ензимите не успеваат да се помешаат со храната, да и го олеснат поминувањето низ дигестивниот систем и да ја иситнат. Поради тоа, стомакот ќе биде под оптоварување и ќе внесеме повеќе калории, масти, сол …
– Ако внимавате на големината на оброкот, јадете побавно и јадете помали залаци, нема да се прејадете. Ако утврдите дека ова е начинот на кој јадете и не сакате да се здебелите, изберете храна со помалку калории, вели авторот на студијата Пејџ Канингам од Американското друштво на нутриционисти. Студијата е спроведена заеднички од универзитетите во холандски Мастрихт и Пенсилванија.