Медицинското лице и очевидци тврдат дека таа му помогнала на човекот на кој му се слошило во холот на хируршките клиники. Ова е нејзиното објаснување за ситуацијата од сликата која вчера кружеше на социјалните мрежи.
-Жената на сликата сум јас,точно пред три дена, во средата, бев да дарувам крв на клиниката за трансфузиологија(можете да приметите дека левата рака ми е во завој).Откако дадов крв, враќајќи се на хирургија пред да стигнам до лифтовите го забележав човекот кој беше со синот и видов дека не му е добро.Застанав и гледав во нив а тие продолжија полека да се движат. После неколку секунди човекот се затетерави но за среќа не падна на земја, падна во рацете на синот. Веднаш му реков на синот да му ја спушти главата на земја и да му ги крене нозете.Јас во тој момент ниту заминав ниту зборував на мобилен. Побарав вода од колешките во амбулантата веднаш до нас да се освежи,човекот ги отвори очите и почна да зборува, му го дадов сокот што ми го дадоа на трансфузија како дарител на крв,се напи, дојде уште еден човек на помош роднина или не не знам, им кажав да го измасираат позади главата, човекот си дојде на себе за кратко време и сакаше да стане но му рековме да лежи на земја додека не се снајдеме со количка.Стоев тука до нив иако и мене не ми беше добро. Во меѓувреме колешката од амбулантата отиде да побара количка од ургентен. Човекот веќе беше подобар но остана да лежи додека дојде количката.Во тој момент ми заѕвони мајка ми на мобилен и кренав,да не е нешто итно.Баш тогаш некој ме сликал.Дојде количката, човекот го префрлија и го однесоа во ургентен центар. Јас останав до крај, физички не помогнав затоа што не се чувствував силна, но тука бев со нив и помогнав на друг начин. А тој некој што сето ова направил да изгледа сосема поинаку сакам да го поздравам и да му порачам дека можел цело видео да сними и да се види што точно што се случуваше. Во земјава сепак се уште постојат луѓе! Не е се така црно! Поздрав до сите, напиша таа на Фејсбук.