Доколку имате прваче кое треба да запише во прво одделение, според новиот Закон за основно образование задолжително е да му направите офталмолошки преглед. Но термини за очни прегледи во државните здравствени установи нема. Во овој случај остануваат приватните болници и клиники каде родителите ќе треба од свој џеб да си го платат прегледот, а имаат здравствено осигурување.

Терминити за закажување на прегледи се пуштаат преку платформата „МојТермин“, но во поликлиниките термини кај специјалиститите нема. Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, до скоро време беше и ковид центар, каде што се третираа пациенти заболени од коронавирус.

Според информациите од родителите, цената на еден очен преглед во приватна болница изнесува околу  750 денари.