Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Регистрирани се 38 оздравени пациент од: Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид – 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.