Светската здравствена организација денеска соопшти дека се регистрирани повеќе од 878.000 нови случаи на инфекција со коронавирус. Вкупниот број на заболени според најновите податоци надмина 151 милион случаи, а повеќе од 3,17 милиони лица починаа. Од смртоносниот коронавирус досега како оздравени се водат повеќе од 87,6 милиони лица.

Во изминативе 24 часа бројот на потврдени случаи со Ковид-19 се зголемил за 878 386 лица, а бројот на смртни случаи се зголемил за 14 572 лица.

Најголем број на дијагностицирани случаи со Ковид-19 се забележуваат во САД со повеќе од 32,3 милиони лица, потоа следат Индија со 18,8 милиони случаи, Бразил 14,6 милиони, Франција 52,6 милиони и Турција со повеќе од 4,82 милиони позитивни на Ковид-19.

Во последниве 24 часа во САД се регистрирани нови 58 528 случаи, во Бразил 69 389, Франција 26 538 и Турција 37 674 случаи.

Југоисточна Азија сочинува повеќе од 45 проценти од дневниот број на нови инфекции со Ковид-19 (402.972 случаи). Следат Северна и Јужна Америка (223.217) и Европа (180.677).