Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе бидат на сила оваа недела.

Согласно последната одлука на Комисијата цената на бензините се зголеми за 1 односно 0,50 денари, а цената на дизелот се намали за 0,50 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 0,50 денари.