Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми.

Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.