По повод одбележувањето на 1 Октомври – Интернационалниот ден на Гоше, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ денеска ќе одржи прес-конференција во Скопје.
Од организаторите најавени се обраќања на министер за здравство Венко Филипче, на Весна Алексовска, претседател на „Живот со предизвици“, како и на д-р Дијана Плашеска Каранфилска и проф. д-р Злате Стојаноски од ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија во Скопје.
Прв пат Интернационалниот ден на Гоше е одбележан во 2014 година и оттогаш се одбележува од сите организации членки на Интернационалната Гоше Алијанса од целиот свет.