Екстремен замор, оштетување на белите дробови, мозочен удар, па дури и оштетување на мозокот – ова се само некои од многуте компликации на инфекцијата со коронавирусот кои наведуваат на заклучокот дека таа понекогаш може да предизвика долготрајни, онеспособувачки заболувања.

Податоците кои ги собрале британските научници наведуваат на заклучокот дека примарните симптоми можат да дојдат и пројдат или да траат „30 дена или подолго“, до значително повеќе од две недели, како што предложува Светската здравствена организација (СЗО).

Кај некои пациенти инфекцијата може да биде само почеток на долга и тешка борба, при што новите истражувања предупредуваат на опасност од трајно намалување на физичките и психичките способности.

Мајка (48) на три деца од Лондон заради вирусот фатила смртоносно заболување на срцето, веројатно доживотно. Речиси девет недели по појавата на „симптомите на настинка“ лекаритеи откриле дилатативна кардиомиопатија, односно зголемување на срцевите шуплини. Ковид-19 предизвика тешко воспаление на срцевиот мускул, па пумпањето на крв низ телото е отежнато.

На двата бели дробови биле пронајдени сериозни лузни.

– Ми рекоа дека пациентите во повеќето случаи постепено закрепнуваат, дека на некои им е потребен пејсмејкер, па дури и пресадување на срце. Се уште се задушувам, повраќам и имам вртоглавица, која е толку силна, што кога седнувам на кревет, морам повторно да легнам. Можам да спијам само на десната страна за да се намали притисокот на срцето, вели за Дејли мејл жената која сакала да остане анонимна.

Професорот Николас Харт, пулмолог кој го лечеше британскиот премиер Борис Џонсон, вели дека коронавирусот би можел да прерасне во „детска парализа на оваа генерација“, па да предизвика бран на додатни последици кај пациентите, на неколку месеци, па дури и години откако ќе им се појават првите симптоми. Епидемијата на детската парализа (полиомиелитис) на педесетите години на минатиот век предизвика смрт на илјадници луѓе и остави зад себе генерација со доживотни проблеми со моториката.

Како што е случај и со сегашната пандемија на коронавирусот, голем број на заболени од полиомиелитис имале ретки симптоми, или воопшто ги немале. Меѓутоа, секој десетти заразен починал, додека кај значително поголем број на луѓе вирусот, кој го напаѓа мозокот, предизвика трајна паралича на еден или повеќе екстремитети, атрофија на мускулите и тешкотии со зглобовите. За работата да биде полоша, симптомите можеле да се вратат после повеќе години, па дури и децении.

– Ковид-19 е детската парализа на оваа генерација. Пациентите имаат благи, умерени и тешки симптоми. Голем број на пациенти по критичната фаза од болеста ќе претрпат физички или психолошки последици, кои ќе бараат долготрајно лекување, вели професор Харт.

Обемни истражувања веќе покажаа дека луѓето кои биле приклучени на апарати за одржување на живот можат да се соочат со долготрајни компликации, како што се слабост на мускулите, проблеи со белите дробови и исцрпеност, дури и пет години подоцна. Она што изненадува е дека расте бројот на луѓе кои имале благи симптоми на Ковид-19 и не биле во болница, а сепак имаат долготрајни симптоми. Некои луѓе кои се заразиле во февруари или март и понатаму имаат напади на екстремна исцрпеност, главоболки, задушување, тешко им е да се концентрираат и дури и лесна физичка активност им претставува напор.

Фејсал Азам Куреши, 45-годишен ТВ продуцент од Стокпорт вели дека кардиоваскуларната издржливост по Ковид-19 драстично му се намалила.

– Во теретана можам да направам околу 50 отсто од она што некогаш можев да го правам, вели тој.

Четвртина од пациентите кои лежат на интензивна нега заради Ковид-19 мораат на дијализа заради откажување на бубрезите, а некои имаат проблеми со функцијата на црниот дроб. Можни се и трајни оштетувања на срцето.

– Болките во градите кои траат прилично долго се чести кај луѓето кои доаѓаат во болница. Дали како последица на тоа можеме да очекуваме и раст на кардиоваскуларните заболувања? – прашува Азим Маџид, професор по примарна здравствена нега на Империал колеџот во Лондон.

Се наметнува и прашањето за влијанието на болеста на мозокот дури и кај пациентите кои имале благ облик на болеста.

– Докази од Кина и Италија откриваат дека околу третина од заболените од Ковид-19 имат невролошки симптоми кои можат да бидат многу тешки: Од воспаление на мозокот и нервите, па се до делириум и главоболка. Понекогаш симптомите се многу благи, но знаеме дека Ковид-19 предизвикува оштетување на малите крвни садови кои ги снабдуваат различните органи, вели професорот Тарнер-Стоукс од Британското здружение за рехабилитациска медицина.