Денес беше отворена во Заводот за рехабилитација на говор слух и глас при клиничкиот центар во Скопје, сензорната соба која ќе им помогне и во голема мера ќе им биде од корист на децата со аутизам. Таа е сместена во бараките веднаш до заводот, кои долги години беа запуштени и руинирани. Сега тие се реновирани и обновени со модерна опрема според европските протоколи и стандарди.

„Секојдневната практика во работата со децата со потешки развојни нарушувања и со аутизам покажа дека индивидуалниот логопедски третман не е доволен. Ние изработивме посебна програма за рехабилитациски третман, која е наменета за деца со тешки развојни нарушувања, аутизам, деца со сензорни проблеми и комбинирани пречки“, изјавија од Заводот за рехабилитација.

„Со оваа програма децата ќе добиваат третман во стимулација на говорот, терапија на сензорна интеграција, психомоторна едукација, брендинг вежби, стимулација на фината моторика, а ако има потреба од медикаментозна терапија ќе бидат покриени од детските психијатри“.

Новина во програмата за работа со деца со пречки во развојот е и тоа што во оваа установа ќе се воведе и групна терапија преку цртање и играње, за да може да се социјализираат.

Во моментов во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас работат 14 логопеди, од кои двајца од албанско говорно порачје. Каде што според извори на докторите вработени во центарот е недоволен број на вработени .

„Проектот е почнат пред неколку месеци, а изградбата треба да заврши до крајот на 2019 година. Децата со потешкотии во развојот и нивните родители, кои многу често скитаа во нашите институции и бараа помош во приватни институции, сега овде во Заводот, а потоа и во новиот центар за аутизам ќе го добијат најсоодветниот и најстручен третман согласно европските стандарди“, рече Филипче.

Конечно нешто да се направи, да не бидат само празни зборови, ќе видиме кога сето ова ќе профункционира дали тоа што се потенцира и кажува ќе биде потврдено и од родителите на децата со аутизам, дали на терен ќе биде исто како и на муабет?