Откриени се антитела кои ја спречуваат инфекцијата со коронавирус

Тим холандски научници открил антитела што спречуваат вирусот Ковид-19 да влезе во човечките клетки, што може да доведе до развој на нов лек, пренесе Сајанс дејли (Sciencedialy). Истражувачите од Универзитетот…

Тим холандски научници открил антитела што спречуваат вирусот Ковид-19 да влезе во човечките клетки, што може да доведе до развој на нов лек, пренесе Сајанс дејли (Sciencedialy).

Истражувачите од Универзитетот во Утрехт, Еразмус Медицинскиот центар и Харбор Биомед (ХБМ) соопштија дека идентификувале цело човечко моноклонско антитело што спречува САРС-КоВ-2 (СОВИД-19) да навлезе во клетката.

Наодите, објавени денес на сајтот Nature Communaications, претставуваат првичен чекор кон развојот на целосно човечко антитело за лекување или спречување на Ковид – 19.

Според коавторот за истражувањето, Беренд Јан Бос, неутрализирачкото антитело има потенцијал да ја запре инфекцијата кај заразеното лице, да помогне во „чистење“ на вирусот или да го заштити неинфицираното лице изложено на вирусот.

„Оваа карактеристика на антителата во вкрстената неутрализација е многу интересна и укажува на тоа дека можеби има потенцијал да ја ублажи болеста предизвикана од коронаравирусите што во иднина ќе се појават“, рече тој.

Антителото што се користи во ова истражување е целосно човечко, дозволувајќи лекот забрзано да се развива и да се намалат потенцијалните несакани ефекти поврзани со имунитетот.

Разликата меѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што другите антитела први се развиваат во другите видови, пред да се „хуманизираат“ за да можат да бидат пренесени на луѓето.


Related Articles