Кајсијата е овошје кое е богато со многу витамини и минерали. Има бројни лековити својства и здравствени придобивки така што помага во варењето на храната, ги олеснува грчевите во стомакот, помага кај кожните болести и анемија. Исто така го подобрува здравјето на срцето, ги опушпта мускулите и помага при зараснување на рани.

Кајсиите се богати со витамин А, Ц, К, Е и ниацин или Б3 во големи количини. Од минерали содржат калциум, бакар, магнезиум и фосфор, а истовремено се извор на диетални влакна. Покрај тоа, ова овошје е полно со калиум без кој калциумот не може правилно да се апсорбира ако го нема доволно. Комбинацијата на витамините Ц и А од кајсија гарантира совршено здрава кожа, а антиоксидансите од овие овошки го забавуваат процесот на стареење. Токму затоа кајсиите се важен додаток во бројните козметички препарати.

Кајсиите исто така помагаат во намалување на нивото на холестеролот, го спречуваат влошувањето на видот, ја одржуваат цврстината на коските и рамнотежата на електролитите во организмот.

Затоа додека им е сезоната кајсиите треба често да ги јадете за силни коски и здрава кожа.