Наутро често посегнуваме по некое овошје и го јадеме за доручек. Но, таа навика сепак би требало да ја прескокнеме.

Особено ако конзумираме банана на празен стомак. Бананите се практично овошје: ги лупиме во еден момент, слатки се, заситуваат и ни даваат многу енергија. Позитивно делуваат врз здравјето, а експертите советуваат да јадеме до три банани дневно.

Но, ова овошје има една мала маана! Ако се конзумира на празен стомак, нагло ќе ни го зголеми шеќерот во крвта. Исто така, го зголемува нивото на киселина во организмот. Доведува и до замор.

Наскоро ќе огладнете

Дури до 25 проценти од бананата е составена од шеќер. Ако ја јадете на празен стомак, нагло ќе се зголеми нивото на инсулин, но повторно многу брзо ќе се спушти. Така, телото брзо ќе го развие чувството на глад, ако не и силен напад на глад.

На хранливите материи им треба помош

Во бананите се наоѓаат многу хранливи материи како што се витамин Б6 или калиум. Меѓутоа, добро се апсорбираат во организмот ако ги консумирате со други намирници. Ако веќе сакате да јадете банана за доручек, измешајте ја со мусли, јаткасти плодови и мед.