Дијабетесот е таков тип на болест кој може нагло да се јави по 20-тата година и да биде опасен по живот доколку навремено се забележат некои од неговите симптоми. Ова се 6-те најважни симптоми кои може да укажат на појава на дијабетес.
Екстремна жед: Ова е еден од класичните симптоми на дијабетесот и се јавува како резултат на насобраниот шеќер во крвта. Бубрезите се приморани да работат повеќе и да филтрираат што е можно повеќе. Вишокот на шеќер се излачува преку урината и предизвикува почесто мокрење и дехидрација.
Замор: Долготрајната исцрпеност и чувството дека постојано сте уморни е уште еден симптом за појава на дијабетес. Доколку спиете помалку од 6 часа имате поголеми шанси да ја добиете оваа болест.
Споро зараснување на раните: Високото ниво на шеќер во крвта влијае на тоа колку бргу ќе зараснуваат раните.
Заматен вид: Како резултат на високите количини на шеќер во крвта, водата од телото се повлекува и од очите. Токму затоа видот е заматен и пукаат очните садови.
Депресија: Депресивните личности се по склони кон заболување од оваа болест. Жените имаат дури 17% шанса да заболат од оваа болест доколку имаат проблеми со депресија.
Чувствителност: Шеќерната болест го слабее имунитетот и способноста на организмот да се бори против бактериите. Дури и забите стануваат се почувствителни и неотпорни на кариес.