1. Благи сокови

Газираните сокови, а често и негазираните содржат многу шеќер и додатоци па поради тоа ја опуштаат кожата. Заменете ги со обична вода на која можете да додадете малку лимон или билни чаеви.

2. Нездрава пица

Освен генетиката, лошата циркулација исто така може да биде причина за настанување на целулит. Пицата најчесто се состои од многу маснотии и бело брашно. Таа комбинација е отров за циркулацијата.

3. Бел леб

Нутриционистите препорачуваат белото брашно да се отстрани од менито. Белиот леб го зголемува нивото на инсулин и носи “празни калории” кои го стимулираат формирањето на масните клетки.

4. Масна храна

Колбаси и други месни производи, путер, маргарин, крем и цело сирење се полни со транс масни киселини, па брзо се зголемува инсулинот во крвта, што го стимулира создавањето на масни наслаги и целулит.

5. Бонбони

И бонбоните без шеќер се проблематични бидејќи се обработуваат и често во нив се додаваат конзерванси. Студиите предупредуваат дека таквата храна може да предизвика уште поголема желба за храна сп вештачки вкус.