Овие три најлоши навики влијаат на расположението, здравјето и желбата за убав ден

Кога ќе ги слушнете фитнес тренерите како истакнуваат дека треба да го започнете денот со вежбање и здрав доручек, не го игнорирајте тоа. Имено, тоа се некои од основните причини…

Кога ќе ги слушнете фитнес тренерите како истакнуваат дека треба да го започнете денот со вежбање и здрав доручек, не го игнорирајте тоа. Имено, тоа се некои од основните причини кои влијаат на расположението. Ова се трите најлоши навики поради кои се чувствувате поспано и безволно секој ден.

Недостаток од сон: До три часот наутро „висите“ на мобилниот и тогаш со мака станувате во 6 наутро? Престанете да го правите тоа. Практикувајте здрава рутина која се состои од релаксација, готвење, лесни вечерни вежби, читање книги наместо гледање телевизија или скролање по телефонот.

Не се движите доволно: Секој ден треба да одвоите барем еден час за некоја физичка активност. Без разлика дали станува збор за пешачење во паркот или тренинг во теретана, физичката активност е неопходна за нормално функционирање на телото.

Јадете премногу и се храните нездраво: Едно колаче, половина сендвич, кафе, тестенини. Јаглехидратите содржат голема количина на шеќер и се причина зошто не можете да ослабете.

Планирајте ги вашите оброци: јадете овошје, зеленчук, протеини и ограничете го внесот на грицки и слатка храна кои се штетни за вашиот организам.


Related Articles