Овој витамин го спречува размножувањето на коронавирусот

Витаминот Б12 може да го спречи размножувањето на коронавирусот, откриваат индиски научници. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life кое вели дека метилкобаламинот, еден од двата биолошки активни коензимни…

Витаминот Б12 може да го спречи размножувањето на коронавирусот, откриваат индиски научници. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life кое вели дека метилкобаламинот, еден од двата биолошки активни коензимни форми на витаминот Б12, поседува способност да го запре размножувањето на вирусните клетки.

Користејќи компјутерско моделирање, научниците успеале да утврдат кои молекули содржани во природни производи и лекови можат да го потиснат дејството на nsp12, кој е содржан во геномот на SARS-Cov-2 и е одговорен за размножување на вирусот.

Научниците истакнаа дека се потребни дополнителни истражувања за да се направат промени во протоколот за лекување на Ковид-19.

Инаку витаминот Б12 има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем. Тој е еден од осумтте Б витамини кој е вклучен во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело.


Related Articles