Британски истражувачи во најновата анализа, забележаа постојана корелација помеѓу високата и ниската психолошка благосостојба на поединци според количината на консумирано овошје и зеленчук.

Во студијата се користени податоци од околу 14.000 испитаници постари од 16 години, кои врз основа на резултатите од warwick – единбуршка скала, биле поделени во категории на висока, средна и ниска психолошка благосостојба.

Со анализата е утврдено дека колку повеќе испитаниците јаделе овошје и зеленчук, толку е помала веројатноста за слаба ментална благосостојба.

Меѓу испитаниците со висока психолошка благосостојба, само седум проценти консумирале помалку од една порција овошје и зеленчук на ден, а најголем дел, 34 проценти, дневно внесувале препорачани пет или повеќе порции.

Високиот внес на овошје и зеленчук и ниската консумација на тутунски производи се покажало силно поврзано со посакуваната психичка состојба.

Од друга страна, експертите за внес на алкохол и дебелината открија поврзаност со ниската психолошка благосостојба.