Грчките доктори се шокирани од веста за смртта на осумгодишното девојче, кое починало од дифтерија, заразна болест која е искоренета пред 30 години, пренесува Блиц.рс.
Локалните медиуми пренесуваат дека девојчето најверојатно не било вакцинирано. Детето во средата било пренесено во болница во многу лоша здравствена состојба, а докторите не успеале да го спасат.
Манолис Папасавал, шефот на педијатрија, рекол дека девојчето најверојатно не ја примило тровалентната вакцина против дифтерија, која требало да ја прими уште кога било 2-месечно бебе.
Министерството за здравство го истражува случајот, а наскоро се очекува и официјално соопштение.
Последен смртен случај на дете, предизвикан од дифтерија, е забележан пред три децении.
СЗО во август објави податоци дека во првите шест месеци од 2019-та година забележани биле 89.994 случаи на мали сипаници во Европа што е двојно повеќе од целата мината година.