Пановски: Човек кој пет пати дарувал плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат

Овие мерки на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во…

Овие мерки на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во февруари имунитет. Јас би донел поинакви мерки или би направил мерки веднаш и сега. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, рече доктор Никола Пановски, во интервју на медеимускиот етер.

Пановски посочи дека мерки за стекнување на имунитет не може да бидат такви со што ќе се делат граѓаните.

-Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова. Има човек кој пет пати дарувал крвна плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат, рече Пановски.

Според него вакцинацијата во Македонија генерално трае многу кратко.

– Но, ова што го прави Македонија го нема никаде, не може да се ограничуваат луѓе кои вистински прележале, имаат антитела, рече Пановски. Тој посочи и пример.

– Има осум починати прележани од февруари 2020 година, споредено со 400 или 350 починати комплетно вакцинирани, не знам за што треба понатаму да дискутираме, рече Пановски.


Related Articles