Казна од 1600 евра за правното лице и 1120 за директорот најави државниот просветен инспекторат за училиштето во Радовиш каде беа вршени верски обреди.
Директорот на државниот инспекторат за Сител вели и градоначалникот на општината ќе добие укажување да го смени раководното лице на основното училиште .
Директорот на државниот просветен иснпекторат вели дека одлуките се донесени, одговорноста за овој случај ја има директорот.
Вели лично ќе му ги пренесе препораките на градоначалникот на Радовиш кој е задолжен за потавување на раководни лица во основните училишта.
Осуда пристигна и од директорот на комисијата за односи меѓу верските заедници кој го оцени настанот како недозволиво однесување на поединци. Сотировски порачува дека секуларноста мора да биде разберена на вистински начин и да му биде гарантирана на секое дете.
Ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училиштето каде локален оџа вршеше верски обред. Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бура од реакции кај локалните жители а најзагрижени се родителите на учениците.